Тепачка во Неготино, физички напад во Кавадарци

Од:

Тепачка се случила доцна синоќа во Неготино, а физички напад рано изутринава во Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Синоќа околу 22.30 часот во Неготино на улица „Ацо Аџи – Илов“ бил нарушен јавниот ред и мир со викање и тепачка меѓу лицата И.А.(42) и М.В.(42), двајцата од Неготино, поради недоразбирање за паркинг место. По документирање на случајот против лицата ке биде поднесена соодветна пријава, соопшти Додевски.

Утрово, пак, во 4.10 часот во Полициската станица Кавадарци, М.Д.(31) од Кавадарци пријавил дека околу 3.50 часот на улица „Цано Поп – Ристов“ бил физички нападнат од сограѓанинот Б.Ч.(27).

– По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Додевски.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес