Тепачка со ножеви на куќна слава во Куманово

Од:

Во тепачка со ножеви за време на куќна слава во Куманово, повредени се три лица. Инцидентот започнал со вербална расправија, меѓу 36-годишниот Љ.Т. и 26 годишниот А.М.

Во еден момент постариот гостин со нож му нанел убодна рана во вратот на помладиот кој возвратил и го повредил со нож во стомакот.

Во обид да ги раздвои гостите, настрадала и домаќинката, 58-годишната Д.К., која се здобила со повреда на левата рака.

На сите тројца им била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Куманово. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип