ОБНОВЕНО:Тепачка меѓу симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

Од:

Сајтот „Кавадарци од друг агол“, ја потврди информацијата на А1, за  голема тепачка помеѓу симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, која се случила во четвртокот.

А1 информацијата ја доби од граѓани, наши читатели.

Сајтот од неофицијални извори дознава дека  во штабот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се случил конфликт помеѓу повеќе високи раководни лица од општинскиот штаб, по што морала да интервенира и полицијата.

Конфликтот, велат извори на „Кавадарци од друг агол“,  настанал во врска со изборот на кандидат за градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ.

Неофицијални кандидати за трката за најпосакуваната фотелја во Кавадарци биле: претседателот на ОК Кавадарци- Горица Пеливанова Вилхелм, досегашниот татко на градот- Александар Панов, претседателот на Советот на општина Кавадарци- Илија Тренчев, директорот на Водостопанство Тиквеш Кавадарци- Зоран Шалев, сопственикот на Кожувчанка Митко Јанчев и актуелната пратеничка во Собранието на РМ од редовите на ВМРО ДПМНЕ- Весна Пемова.

„Конфликтите се водат помеѓу три завојувани внатрепартиски страни предводени од сопствените бизнис интереси, првата е предводена од моменталниот градоначалник, втората е предводена од поранешниот претседател на ОК и пратеник од Кавадарарци Јован Гинев, а третата од моменталната претседателка на ОК Кавадарци Горица Пеливанова Вилхелм“, пишува сајтот.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ