Теофиловски самоволно се појави пред судот, се повика на судскиот имунитет

Од:

Зоран Теофиловски, кој е актуелен член на Судскиот совет, утринава самоволно се појавил пред Судот, а се повикал на судскиот имунитет, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. За него вчера беше побаран притвор, а тој е под истрага за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово.

„Првоосомничениот кој не беше достапен и за кого Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден побара да му биде определена мерка притвор, денеска самоволно се појави пред судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Во текот на денешното рочиште осомничениот се повика на судскиот имунитет“, соопштија од Обвинителството.

Судијата го одложил рочиштето за да се обрати до Судскиот совет и да побара симнување на имунитетот. По добивање на известувањето за одлуката на Судскиот совет постапката ќе продолжи.

Воедно, Обвинителството ценејќи дека со вчера определените мерки за куќен притвор и мерки на претпазливост се поттикнуваат сторителите на кривичните дела и понатаму да извршуваат кривични дела, достави жалби по решенијата на судијата на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари