Тензии на состанокот на историската комисија за предлогот за заедничко чествување на Гоце Делчев

Од:

Нема напредок ниту на 21-от состанок на бугарско-македонската историска комисија, а одредени тензии предизвикала дебатата за предлогот за заедничко чествување на Гоце Делчев.

Агенцијата БГНЕС пренесе дека не бил постигнат договор за забелешките од бугарската страна за улогата и местото на Охридската архиепископија и начинот на кој таа е претставена во учебниците за седмо одделение во Македонија. Ова било главна тема на дводневната дискусија на мешовитата историска комисија.

„Последниот ден научниците од двете страни повторно разговараа за предлогот што треба да се упати до владите на Бугарија и РСМ за заедничка прослава на Гоце Делчев. Повторно не беше постигнат договор за ова прашање“, објави БГНЕС.

Охридска архиепископија на Јустинијан Први и на цела Бугарија, скратено како Охридска архиепископија, е името на Бугарската автокефална православна црква, подредена на Цариградската Вселенска патријаршија во бугарските земји освоени од Византија во 1018 година, примач на спуштениот бугарски Патријаршија, пишува БГНЕС.

Би можело да ве интересира

Ќе има истрага за хонорарите на членовите на Историската комисија

Мицкоски: Наскоро ќе се знаат новите членови на мешовитата историска комисија

Левица повикува да се потпише Македонска платформа: „Една изборна единица и распуштање на историската комисија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Францускиот амбасадор во Софија: Целта е да се напишат учебници со заедничка историја

A1on

(ВИДЕО) Андреева-Малкова од БНР: Чекаме Бугарите да бидат впишани како рамноправен народ во Уставот на Македонија

A1on

Македонија и Бугарија разменија предлози за учебниците по историја за кои ќе се разговара на крајот од март

A1on