Тензично во Кавадарци откако е откриен поткуп на ромски гласачи

Од:

Граѓани на Кавадарци, попладнево, забележале како засега неидентификувани лица со куфер влегуваат во изборниот штаб на Демократска партија на ромите во градот. Тие тврдат дека така биле внесени пари во штабот каде започнал поткупот на избирачи. Очевидците потврдуваат дека внатре во штабот се случува масовен поткуп за што веднаш пријавиле во полициската станица во Кавадарци, објави Дума.

Полицајците стигнале на пријавеното место. Во моментов тие го обезбедуваат објектот додека внатре се гледа присуство на повеќе лица кои се заклучени од внатрешната страна на изборниот штаб. Полицијата чека судски налог за да може да влезе во објектот. Тој се наоѓа во центарот на Кавадарци, позади зградата на општината и веднаш до изборниот штаб на Амди Бајрам.

Неофицијално дознаваме дека полицијата обезбедила изјави од лица кои што примиле поткуп. Инцидентот е пријавен во ОБСЕ и ОДИХР. Околу изборниот штаб започнаа да се собираат револтирани граѓани на Кавадарци. Нивниот број постојано се зголемува. Дел од нив коментираат дека наводно денеска пари се делеле и во општинската зграда. Од општина Кавадарци ги отфрлаат обвинувањата и велат дека деструктивната политика на СДСМ ги создава овие измислици.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он