Тендер за реконструкција на првиот блок на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Од:

Министерството за образование и наука пред три дена објави тендер за реконструкција на еден од блоковите на Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Во фази, а заклучно со 2016 година, во план е да бидат темелно реконструирани сите четири блока.

– Во првата фаза е реконструкција која, врз основа на проценетата вредност, се планира да изнесува над 70 милиони денари. Тендерот ќе оди фазно. Во наредните две години се очекува да бидат комплетно санирани, односно реконструирани сите четири блока на домот „Гоце Делчев“, изјави денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Тој побара разбирање од студентите зашто во реконструктивниот процес делови од домот парцијално нема да бидат во функција.

Од 2. до 10. јуни, пак, во основните и средните училишта ќе се спроведе второто екстерно тестирање на македонските ученици, освен на матурантите кои поради обврски со државната матура, екстерното тестирање го завршија за време на зимскиот распуст.

Како и за нивните испити, и за сите други основци и средношколци ќе има отворен базен од прашања по сите предмети, а двата предмета по кои ќе бидат тестирани, учениците ќе ги дознаат три дена пред полагањето.

Ристовски рече дека наскоро на прес-конференција ќе ги соопшти деталите за претстојното екстерно тестирање.

– Во завршна фаза се сите подготовки. Екстерното ќе се спроведе врз основа на стандардите и процедурите по кои беше спроведено за матурантите, повторно со јавен базен и за сите останати генерации. Тие ќе ги имаат на увид прашањата, ќе има доволен период за коментари, доколку има извесни забелешки за некои прашања, додаде Ристовски.

Би можело да ве интересира

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Независниот студентски сојуз го откажа утрешниот собир: Партиите да стојат на страна