Темелна реконструкција на источниот конак во „Св. Архангел Михаил” во Прилеп

Од:

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп интензивно работат на третата и претпоследна фаза од темелната реконструкција на источниот конак во манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил” во прилепската населба Варош.

Конакот се гради на површина од 292 метри квадратни и треба да биде завршен најдоцна до 2015 година. Третата фаза опфаќа изградба на кат, обликување на објектот со покрив и изработка и вградување на столаријата.

– Работите се одвиваат според предвидената динамика, а со завршувањето на оваа фаза објектот ќе го добие својот конечен изглед, кој поради изведбата во камен во долниот дел, се добива впечаток како да изникнува од самата карпа. Ваквиот впечаток дополнително визуелно и естетски ја разубавува сликата за целиот манастирски комплекс сместен во подножјето на Марковите кули, соопшти Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите