ВИДЕО: Темелковски вети планско градење и гасификација во Кисела Вода

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од СДСМ, Филип Темелковски, денеска ја почна предизборната кампања, со ветување дека ќе организира ефикасна општина која ќе се грижи за сите нејзини жители.

– Општината назадуваше. Јас сум роден во Кисела Вода, целиот свој живот го поминав овде, имам многу емоции за секој дел на општината за секоја населба, маало и сокаче, и се што имам е тука, рече Темелковски.

Тој изрази уверување дека со добра организација истата оваа администрација ќе биде ефикасна и оти општината постои за граѓаните, а не за поединци. Најави подобрување на инфраструктурата и планско градење, овозможувајќи здрава животна средина, додека, како што истакна, проектот за гасификација на Кисела Вода ќе придонесе за намалување на загаденоста во општината и ќе го заштеди домашниот буџет.

– Трошоците за греење на гас ќе бидат барем три пати помали од сегашните трошоци за парно, струја или дрва. За мене, економски силни граѓани прават економски силна општина и затоа ќе се вложам несебично за секој од нас да има пристоен живот, додаде Темелковски.

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода вети и солидарност и помош за старите и немоќните, како и поддршка за лицата со хендикеп, како и за нивните семејства.

Во врска со демолирањето на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, тој рече оти за тоа дознале преку социјалните мрежи и дека СДСМ и општинската организација ниту се занимава со таква кампања, ниту ќе водат ниту во минатото воделе негативни кампањи и ги повикка институциите да го расветлат случајот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби