Долгот на општината Кисела Вода изнесува 3 милиони евра и истиот постојано расте. Ова денес во јавноста го обелодини претседателот на општинската организација на СДСМ, Филип Темелковски. Според него, состојбата во општината е многу лоша.
„Од планираните средства наменети за капитални инвестиции, општината реализирала само поразителни 3,5%! Реализирани се нула капитални проекти во образованието, нула проекти за енергетска ефикасност, нула проекти за спорт. Со еден збор, општината не сработела ништо“, вели Темелковски.
Тој додава дека во делот на урбанистичко планирање од страна на општината реализирани се проекти од 0 денари од планираните 30 милиони денари и според него, тоа покажува дека општинското раководство и градоначалничката немале капацитет да ги приберат финансиските средства и да ги реализираат проектите.
„Катастрофалната реализација на буџетот е резултат на недомаќинското и непланско работење на Градоначалничката Билјана Беличанец, а извештајот е најлошите извештаи во историјата“
Сето ова, според Темелковски е доказ за неспособноста и неефикасноста на локалната власт, која според него, ќе се промени и со општината ќе раководи кадар од СДСМ.
Во врска со кружниот тек, кој е планиран да се изгради на булевар „Србија“ во Кисела Вода, а за кој пред два месеци се протестираше, претставникот на СДСМ вели дека не е потребен и е на штета на жителите.