(ВИДЕО) Темелковски: Граѓаните на Кисела Вода со години живеат во хаос, потребни се итни промени

Од:

Претседателот на ОО СДСМ Кисела Вода, Филип Темелковски денеска одржа прес конференција на која што укажа на руинираната инфраструктура во Општина Кисела Вода.

„Недозволиво е жителите на општина Кисела Вода со години да живеат меѓу градежен шут, раскопани улици и руинирана инфраструктура.

Поради ова сообраќајот во Кисела Вода се одвива небезбедно и отежнато и претставува закана по безбедноста и на возачите и на пешаците.

Алармантна е состојбата на булеварот Борис Трајковски, оставен со месеци со дупки и отворени канали и без осветлување.

Хаосот го предизвикуваат импровизациите наместо вистинска реконструкција на улиците.

Врз калливите и раскопани улици, се става неквалитетен асфалт што го снемува за десетина дена.

Ова го попречува нормално функционирање на граѓаните.
Тие не можат ни децата на училиште да ги пратат без загриженост како ќе се справат по раскопаните улици преполни со возила, кои вртат каде ќе најдат можност, за да не ги искинат гумите од автомобилите.

Градоначалничката Билјана Беличанец и советниците од ВМРО-ДПМНЕ се служат со скапи импровизации за кои се одлеваат пари на граѓаните од општинскиот буџет, а не ги решаваат нивните проблеми.

Порачуваме дека ќе ги преиспитаме сите злоупотреби на пари на граѓаните за наводни реконструкции. Истовремено апелираме да се обезбедат соодветно улиците за децата за да не дојде до несакани последици!

Граѓаните на Кисела Вода не заслужуваат аматерско раководење со општината. По промените на парламентарните избори, доаѓаат промени и на локалната власт и Кисела Вода ќе добие градночалник и советници кои ќе работат посветено ислучиво за доброто на општината и нејзините жители“ изјави Филип Темелковски на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“