Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ за 17 години Рамковен договор

Од:

Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ во рамки на одбележувањето 17 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници во организација на Секретаријатот за европски прашања.

– Денес, Република Македонија е исправена пред еден од најважните предизвици во својата понова историја – да ја комплетира својата надворешна интеграција. Преку овој панел ќе се обидеме да создадеме врска меѓу Охрид, како симбол на внатрешната интеграција, и Брисел, кој ја симболизира нашата надворешна интеграција, т.е. нашата аспирација за полноправно членство во НАТО и Европската унија, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

На панелот, како што е најавено, ќе се обратат претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, како и сер Барни Вајт Спунер, поранешен Генерал на Британската армија и поранешен командант на НАТО во Република Македонија, за време на потпишувањето на Рамковниот договор.

Специјален гостин на панелот ќе биде и Евелин Фаркаш, поранешната заменичка на помошникот секретар за одбрана на САД, задолжена за Европа и Азија во администрацијата на Обама, одговорна и за политика на САД кон Балканот.

Евелин денеска е виш член на Атлантскиот совет, постојан аналитичар за национална безбедност за најголемата медиумска куќа во САД – NBC/MSNBC и претставува исклучителен политички авторитет, американски аналитичар и контрибутор и во бројни други американски и светски медиуми како што се CNN, FOX, Politico, Foreign Affairs…

На панелот ќе учествуваат и Дафина Јовановска – Стојановска, пратеник во Собранието на Република Македонија, како и претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, партија потписник на Охридскиот рамковен договор.

Говорниците низ темата на панелот ќе ги води заменик-претседателот на Владата, задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој од неодамна е и главен преговарач со Европската Унија.

Би можело да ве интересира

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

A1on

Артан Груби ќе фрли 70.000 евра за прослава на Рамковниот: Сакаме да прерасне во фестивал како Егзит

A1on

Манчевски: Конечно ќе биде решен проблемот со вработените според Рамковниот договор

Ана Ололовска

Распределени 760 админстративци според Рамковен, остануваат уште 700

Ана Ололовска

Тачи: Охридскиот договор – најцврста гаранација за правата на Албанците во Македонија

Наум Локоски

(ВИДЕО) Фаркас: Договорот меѓу Македонија и Грција е одговор против Путин

Ана Ололовска