Теловска: Макрадули јавно поддржува написи со кои се навредува Турција

Од:

Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што го обвини Јани Макрадули за јавно поддржување на написи со кои што се навредува Турција.

„Јани Макрадули заменки министер од редовите на СДСМ на социјалните мрежи јавно поддржува написи со кои се навредува Турција и турскиот народ кој се наши пријатели. Турција е наш поддржувач во сите политички процеси на меѓународна сцена. Исто така таа е поддржувач на нашето право во примена на нашето уставно име Република Македонија

Ваквите написи како конкретниот на Ивор Мицковски го повредуваат чувството и на Турците кои живеат во Македонија. Тие се лојални граѓани на Македонија, работат и придонесуваат за нејзиниот развој. Ова молчење од страна на СДСМ и нивниот Претседател Господин Зоран Заев може да значи одобрување на вакви постапки. Затоа ние сме загрижени дека со ова постои можност да се нарушат односите помеѓу Македонија и Турција. Повторно ги повикуваме и претставниците на СДСМ и нивниот Претседател господинот Зоран Заев да излезат и јавно да се произнесат во врска со ваквите скандалозни постапки“ изјави Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ