Тело на жена извлечено во Вардар во близина на Скопје

Од:

Мртва жена е извлечена од водите на Вардар во близина на селото Ново Село кај Скопје. екипа на противпожарната бригада го извадила телото од реката. Предадено е на обдукција. Се преземаат мерки за идентификација информира МВР.

– На 25.05.2023 во 12.49 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Ново Село, скопско, во водите на реката Вардар бил забележан женски труп. Од екипа на противпожарната единица Скопје телото било извадено од реката и по наредба на Јавен обвинител било предадено за обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа