Тело на мртва жена најдено на улица во Гостивар

Од:

Тело на жена чиј идентитет не е познат е најдено на споредна улица во Гостивар.

Според МВР, случајот бил пријавен утрово откако случаен минувач ја забележал жената како лежи неподвижна на крак од улицата „Иво Лола Рибар“. Набрзо потоа дошла полицска екипа која го обезбедила местото, а бил повикан и јавен обвинител.

Во тек е увид по што треба да биде појасно како настапила смртта и се утврдува идентитетот на жената.

Првичните сознанија се дека смртта на жената настапила по насилен пат. Повеќе информации се најавуваат по завршување на увидот од страна на јавниот обвинител.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско