Телеграмата од Иванов за смртта на владиката Кирил

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод смртта на владиката Кирил, митрополит на Полошко-кумановската епархија, упати писмо со сочувство до архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан.

Во телеграмата, претседателот Иванов од свое лично име и во име на сите верници од православна вероисповед упатува сочувство и жалење за загубата на владиката Кирил.

– Владиката Кирил целокупниот свој живот го посвети на ширењето на христијанската вера и остави траен белег во христијанскиот духовен живот на македонскиот народ. Неговото учење и благородна мисија говорат за промовирање на православието, кое се темели на љубовта, мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранција и солидарност, се вели во телеграмата.

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ