Телеграма со сочувство од СДСМ до семејството на Томе Серафимовски

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на починатиот академик и познат скулптор Томе Серафимовски.

– Искрено и длабоко сочувство за смртта на почитуваниот академик и познат скулптор Томе Серафимовски, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз. Загубата е на семејството, но и на граѓаните на Република Македонија, се вели во телеграмата.

Академик Серафимовски, како што се наведува, остави зад себе богатата ризница на скулптури, портрети, споменици, спомен-обележја, идејни решенија, други дела во Македонија за кои беше награден, но со кои успешно ја промовираше и Република Македонија во регионот и светот.

– Во моментите на болка, утеха нека биде неговото творештво кое останува вечен спомен, стои во телеграмата со сочувство од Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата