Телеграма со сочувство од претседателот на СДСМ, Зоран Заев до граѓаните на Турција

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, до граѓаните на Република Турција, Турците во Република Македонија и до Амбасадата на Република Турција во Македонија упати телеграма со сочуство по терористичкиот чин во Истанбул.
Во телеграмата се вели:

„Изразувам длабоко жалење, сочувство и солидарност со граѓаните на пријателска Турција.

Македонија сочувствува со семејствата на загинатите во теротистичките напади во Истанбул, се солидаризира со граѓаните на Турција и нашите сограѓани Турци коишто живеат во Република Македонија.

Турција е наш голем пријател и поддржувач за членство во НАТО алијансата. Една од првите земји што ја признаа Република Македонија под уставното име беше токму Република Турција.

Терористичките напади во Турција потврдија дека тероризмот не познава вера и нација. Тероризмот е глобална закана за современиот свет, но универзалните човекови вредности и солидарноста се посилни од теророт.

Вчерашниот запрепастувачки акт е уште едно црвено светло за целата меѓународна заедница уште порешително и пообединето да застане на патот на ова зло. Нашите мисли и молитви се со граѓаните на Турција“ стои во телеграмата на претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

Со дронови нападнати два турски цивилни брода во Црното Море, има повредени

Шумски пожари во Турција: 3.500 лица, 23 авиони помагаат во гаснењето

(ВИДЕО) Огромен пожар избувна во Турција: Болница и десетици домови се евакуирани

(ВИДЕО) Се преврте автобус во Турција – повредени се 40 патници

А1он

(ВИДЕО) Турција: Се урна училишен хеликоптер, едно лице загина

Анкара признава: Европската врата за Турција е речиси затворена