Телеграма од Божиновска до МПЦ-ОА по повод 50 години автокефалност

Од:

Директорoт на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска денеска упати телеграма со честитки до Македонската православна црква – Охридска архиепископија и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан по повод јубилејот 50 години од возобновувањето на Македонската православна црква.

– Пред 50 години (на 17 јули 1967 година), Светиот Синод на МПЦ го свика Третиот црковно-народен собор и на свечената седница во охридската црква „Св. Климент Охридски“ ја донесе одлуката за прогласување на МПЦ за автокефална. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на МПЦ е извршен на Светата архијерејска литургија, отслужена во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ на 19 јули 1967 година од Светиот архијерејски синод на МПЦ. Со овој чин на македонскиот народ му беше вратена честа, гордоста и правото на слободна духовна определба, по неканонското укинување на автокефалната Охридска Архиепископија во 1767 година, стои во телеграмата.

Божиновска во телеграмата посочува дека МПЦ – ОА беше и останува стожер на македонското национално и духовно опстојување, чувар на македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик и бранител на националното духовно и културно богатство.

Би можело да ве интересира

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Божиновска и Бислимоски ќе учествуваат на Енергетски самит во Атина

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент