Телефонско закажување посети во Затворот Скопје

Од:

Граѓаните кои сакаат да закажат посета во Затворот Скопје отсега тоа ќе можат да го направат телефонски со јавување на бројот 02/3115706, информираат денеска од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Тие треба да ги остават своите податоци, како и податоците за лицето кое сакаат да го посетат, а доколку ги исполнуваат условите за посета, судскиот службеник ќе ги контактира за точниот ден и времето од денот кога може да ја рализираат посетата.

Затворот, како што се наведува во соопштението, ќе биде мрежно поврзан со судот и така ќе добива соодветна евиденција за тоа кој граѓани, конкретниот ден, има  дозвола за посета, додека пак затворот ќе испраќа повратна евиденција за тоа колку од посетите биле реализирани.

Обврска на граѓаните ќе биде со себе да понесат лична карта или друг документ за лична идентификација.

Единствено граѓаните кои за првпат поденсуваат барање за посета ќе бидат должни да дојдат до судот и да ги приложат сите неопходно документи за да се утврди во кое својство се со притвореното лице.

– Со овој систем значително ќе се намали времето кое е неопходно за издавање на овие дозволи, а граѓаните нема да имаат потреба за секоја посета да доѓаат до судот и да поднесуваат ново барање. Воедно, посети ќе може да се закажуваат секој работен ден со тоа ќе се добие оптимално искористување на времето и просоторот во Затвор Скопје која на дневна база е на располагање на судот за посети, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Телефонско закажување на посетите во Затворот Скопје е еден од проектите кој се реализира по иницијатива и со сопствени средства на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а во соработка со други инситуции.

Би можело да ве интересира

Заврши драмата во рускиот затвор, објавија Русите: „Сите ги ликвидиравме“

Предраг Петровиќ

Левица: Корупцијата царува во затворите – животот во казнено поправните установи под секое човечко ниво

Раст на стапката на затворање во Македонија за 25,5 отсто

Русија ќе затвара затвори Краснојарск откако осудениците заминаа на фронтот

Горан Наумовски

Извештај: Во борбата против тортурата и нехуманиот третман, препораките од година в година се исти

Преку алтернативни мерки до растеретување на затворскиот систем