Телата на убиените терористи во Куманово ќе им бидат предадени на семејствата

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Македонија испратило информација до Амбасадата на Косово во Скопје дека е завршена обдукцијата на телата и идентификацијата на девет лица кои загинаа во полициската акција во Куманово, потврдија од македонското МНР.

Косовската амбасада треба да ги информира семејствата на загинатите припадници на криминално-терористичката група дека можат да дојдат во Скопје да ги подигнат нивните тела.

Јавното обвинителство на Република Македонија во на 17 мај соопшти дека во полициската акција минатиот виикенд во Куманово загинале 10 припадници на терористичката група.

При увидот на местото на настанот, како што наведе Обвинителството, пронајдени се десет трупа, за кои по извршената обдукција се утврдило дека припаѓаат на терористичката група.

Министерството за внатрешни работи првично и неофицијално информира дека во полициската акција биле убиени 14 терористи.

Косовските медиуми денеска објавуваат дека македонските власти по завршената обдукција одобриле да бидат преземни телата на деветмина убиени припадници на „Кумановската група“: Џафер Земерај, Бега Ризај, Мирсад Ндрецај, Валон Кабаши, Тугај Гаши, Самид Кастриот, Хисен Рушити, Фатлум Вишесел и Арбен Раџај.

Би можело да ве интересира

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци