Теквондо клубот „Корио“ доби благодарници од градоначалникот Филип Темелковски

Од:

​Благодарници од Општина Кисела Вода од градоначалникот Темелковски за афирмирање и унапредување на спортот во овој дел од градот добија денес членовите на теквондо клубот „Корио“.

Тие на неодамнешниот државен турнир „Кобра чемпионшип”, на кој учествуваа преку 250 натпреварувачи, освоија 9 златни и 2 сребрени медали. Практично, сите учесници од овој клуб од Кисела Вода кој функционира веќе 5 години, од натпреварот се вратија со награда.

Тренерот на теквондо клубот „Корио”, Јане Стојчевски го информираше градоначалникот околу функционирањето на клубот, тренажниот процес, како и за нивните понатамошни планови во поглед на учествата на други државни и меѓународни теквондо натпревари.

Градоначалникот Темелковски им посака успех и им даде ветување дека Општина Кисела Вода ќе продолжи со своите заложби за развивање и унапредување на спортот.

Би можело да ве интересира

Електрична инсталација се запали во Кисела Вода, станарите во паника ја напуштија зградата

Горан Наумовски

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода