Техничар за хортикултура – нов образовен профил во средното училиште „Киро Бурназ“

Од:

Средното стручно училиште „Киро Бурназ“ од Куманово од оваа година ќе понуди нов образовен профил – техничар за хортикултура, а ќе може да се запишат ученици за една паралелека.

Како што соопшти денеска училиштето, по барањето што го доставиле, Министерството за образование и наука им одобрило нова насока. Паралелеката ќе биде формирана согласно со потребите на локалниот пазар на трудот за дејноста хортикултура.

– Согледувајќи ги потребите од стручен кадар во нашиот град и недостигот од стручни лица во областа на цвеќарството, првенствено а и во други градинарски култури, но и соочувајќи се со интересот на голем број основци со кои разговаравме во текот на презентациите на нашето училиште, со задоволство можеме да кажеме дека од оваа учебна година ќе им излеземе во пресрет на нивните желби и во нашето училиште ќе можат да се образуваат за идни техничари за хортикултура, изјави Весна Трајковска, директор на училиштето.

Покрај општообразовните предмети, учениците ќе изучуваат стручни предмети и ќе имаат практична настава, која ќе се реализира во рамки на училиштето кое располага со одредено земјиште, но во најголем процент практичната настава ќе се одвива во работните организации кои се занимаваат со оваа дејност.

– Ова ќе биде прва генерација на ученици кои ќе го завршат овој профил, па затоа и нивните можности се многу поголеми по завршување на училиштето во однос на вработувањето. Освен што полесно ќе можат да најдат работа, ќе можат и сами да отворат свој сопствен бизнис и да напредуваат во работењето, затоа што реалните потреби на нашиот град се навистина големи за вакви кадри од областа на хортикултурата, додаде Трајковска.

По завршување на училиштето, учениците имаат можност да продолжат со високо образование, но ќе може да се вработат и по струки, со што ќе ги задоволат потребите на компаниите од оваа дејност за стручен и квалификуван кадар.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски