Тече наставата во училиштата низ Карпош: Почитувањето на мерките и алгоритмите се за заедничко добро

Од:

Почитувањето на мерките во текот на наставата во сите воспитно – образовни установи е врвен приоритет. Маската, дистанцата и дезинфекцијата се правилата од кои не смееме да отстапиме уште подолг временски период, велат од Општина Карпош.

По тој повод денеска, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев беше во посета на основното училиште „Лазо Трповски“, во населбата Карпош 3.

Заедно со директорката на училиштето и службите имаа можност да видат како се одвива наставата со физичко присуство и онлајн предавањата.

Во текот на посетата, тие поразговараа и за алгоритмите и постапката за изолација на ученик, наставник во случај на појава на заболено лице од Ковид–19.

– Никој не може и не смее да ги занемари повисоките бројки на заболени лица. Училиштата мораат да бидат подготвени и да постапуваат согласно насоките добиени од здравствените власти.
Како општина правиме сѐ што можеме. Обезбедивме повеќе средства за дезинфекција на образовните установи, набавивме ИТ опрема за наставниот кадар, за непречено да се одвива наставата. Сепак, никој не може да вети целосна подготвеност, затоа да бидеме одговорни и претпазливи, рече Богоев.

Општина Карпош ги повикува сите ученици, наставници и родители да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид–19.

– Имајќи ја предвид моменталната состојба, очигледно е дека вирусот се повеќе е дел од нашето најблиско опкружување и само со навремено информирање и комуникација со релевантните лица (служби на училиштето, матичен лекар) можеме да спречиме ширење на коронавирусот, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски