Тече истрагата за убиството на Вања и Панче, првоосомничениот Палевски во притвор

Од:

Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по синоќешната екстрадиција, го издржува 30-дневниот притвор што му беше одреден во отсуство. Во меѓувреме, тече истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје.

Палевски, кој минатата година на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, синоќа со конвој од пет возила на Интерпол беше спроведен во Истражниот затвор Шутка. Во затворот тој е под специјален безбедносен режим, без контакт со други притвореници.

Тој е осомничен за убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023, а пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември.

За соучество за убиството се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во домашен притвор од неодамна е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето.

Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството.

Би можело да ве интересира

Кешишев не сака да сведочи пред Палевски, судот нареди Палчо да ја напушти судницата

Видевски тврди дека нема поврзаност со убиствата на Вања и Панче

Манев: Видевски за време на убиствата на Жежовски и Ѓорчевска бил на работа

Манев: Палевски ја одлепи траката од устата на Вања, ја сликаше со вперен пиштол, а откако ја уби во ранче го спакува пиштолот

Предраг Петровиќ

Манев за убиството на Вања: Палевски му пријде на детето, со пиштол и со перниче во рака испука куршум

Oбвинетиот Манев сведочи: Се изненадив кога Палчо го застрела Панче Жежовски