Течат роковите за жалби за првиот круг од локалните избори

Од:

Вечер во 19 часот истекува рокот за поднесување приговори до Државната изборна комисија за првиот круг од локалните избори во Република Македонија, што се одржаа во недeлата, на 24 март.

Како што информираат од ДИК, до пладне не добиле приговори од учесниците на изборите.

За евентуално поднесените приговори, ДИК е должна да донесе одлука во рок од 48 часа. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата. Одлуките по приговор и тужбата со самото донесување се објавуваат на интернет страницата на Управниот суд и на ДИК.

Секој подносител на листа на кандидати, при поднесување на приговор до ДИК задолжително доставува и официјална интернет адреса т.е. електронско сандаче заради доставување на одлуката на ДИК.

Рокот за поднесување на тужба до Управниот суд започнува да тече по истекот на пет часа од доставувањето на одлуката на ДИК во електронското сандаче.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?