Театарска претстава и новогодишни подароци за дечињата во Клиниката за детски болести

Од:

Здружението на граѓани за култура и уметност „Ан-блок“ – Скопје традиционално од 1998 година го реализира проектот „Заедно со вас да ги направиме децата среќни” во Клиниката за детски болести во Скопје.

Покрај другите активности, во рамките на овој проект е организирање пригодна програма по повод новогодишните празници, наменета за децата кои во тоа време се на лекување во Клиниката за детски болести во Скопје на хемато-онколошкиот оддел.

Пригодната програма по повод новогодишните празници ќе се реализира в среда (27 декември) со почеток во 13:30 часот на хемато-онколошкиот оддел. Оваа година ќе се презентира театарската претстава „Дедо Мраз, снежната кралица и зајачињата” од страна на театарот „Арт Вени Види”, а во претставата ќе играат: Викторија Анѓушева, Душица Стојановска, Ѓорѓи Тодоровски-Трупче и Симон Манасковски. Дедо Мараз на децата ќе им подели новогодишни подароци (навлаки за душеци и перници). Подароците ги обезбедија претставници од Здружението „Ан-блок“ со финансиска помош од страна на Град Скопје.

Организаторот на настанот, како и на сите досега реализирани проектни активности е Поликсена Илиоска, претседател на Здружението „Ан-блок“ и добитник на државната награда „Мајка Тереза“ и „13 Ноември“, а здружението на граѓани за култура и уметност „Ан-блок“ – Скопје има добиено благодарници за покажаната хуманост од страна на Клинички центар Скопје и од ЈЗУ Универзитетската клиниката за детски болести – Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд