Театарот на Никола Груевски: Знае дека оставката мора сам да ја поднесе во Собрание

Од:

Никола Груевски, од Будимпешта преку Фејсбук ја извести јавноста дека ќе си поднесе оставка од функцијата пратеник.

Дали овој потег на екс премиерот, кој добро ги познава Уставот и Законите значи дека тој ќе се врати во државата за да го реализира она што го најавува.

Уставот во член 65 точно предвидел:

„Пратеникот може да поднесе оставка. Пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието“.

И Деловникот за работа на Собранието пропишал исто дека оставката се поднесува лично.

Вака прецизна одлука не може да се толкува поинаку освен дека Груевски пред пратениците и Талат Џафери од парламентарната говорница треба да ја соопшти одлуката. Со оглед дека на сите им е позната постаката, очигледно се работи за уште еден театар и маркетинг на екс-премиерот, со оглед дека шансите да дојде во земјава вво овие услови се никакви.

Груевски кој се наоѓа во бегство во Унгарија за да избегне затворска казна, наредната недела го очекуваше гласање за одземање на неговиот мендат, бидејќи неоправдано отсуствува од Собранието повеќе од шест месеци.

Поранешниот премиер и се уште актуелен пратеник, доколку навистина сака, како што пишува, неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и пратениците поради него и неговиот мандат да бидат изложени на било какви притисоци, на лажна пропаганда, на непријатности и на медиумски линч од страна на власта и нејзините апологети, има две зеконски можности, да се врати во земјата или пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за одземање на неговиот мандат.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on