Тавила: Високо ниво на подготвеност на државата за одговор при импортација на лица со коронавирус

Од:

Нема случаи со коронавирус во државава и нивото на подготвеност е многу високо.

Министерството за здравство и другите владини структури се подготвени да одговорат во случај на детекција, пред се, за брза детекција на случај со новиот коронавирус.

Бидејќи Светската здравствена организација (СЗО) прогласи меѓународен настан од меѓународно значење ќе се зголеми и ризикот за можна импортација. СЗО е целосно посветена и ќе продолжи со поддршка за се што е потребно.

Мора да останеме внимателни и фокусирани, но нема потреба да грижа, изјави денеска шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје, Жихан Тавила.

Тавила ги повика граѓаните да бидат внимателни и доколку имаат некои симтоми со респираторниот систем, како кашлање или треска, да побараат совет од доктор, како и да останат подалеку од луѓето кои имаат настинка.

Најважна работа во оваа ситуација е високото ниво на хигиена и задолжителното миење раце.Така можеме да се заштитиме самите.

Бидејќи СЗО прогласи меѓународен настан од меѓународно значење ќе се зголеми и ризикот за можна импортација, ќе се зголеми и будноста, како на нашата канцеларија, така и на Комисијата, ќе имаме дневни состаноци и напорите ќе бидат насочени пред се кон рана детекција на случаи на точките на влез од една страна, а од друга страна ќе се посвети внимание на едукација на здравствените работници за постапки во случај на детекција, посочи Тавила и појасни дека станува збор за нов вирус и сите земји учат со секој нов ден.

Ништо не е фиксно и секој ден се преразгледува тоа што се случува и како да се справиме со новиот вирус, истакна Тавила и додаде дека нивниот фокус е повеќе на обука и подготвеност, бидејќи сите други работи се достапни преку Владата, а нивна главна задача е да се осигураат дека сите се на исто ниво на информираност.

Министерот Филипче рече дека во текот на вчерашниот ден СЗО прогласи јавно здравствена состојба од меѓународен ризик и согласно тоа денеска се одржал состанок на Комисијата за заразни болести, при што почнале според тие насоки, односно постапување според меѓународниот здравствен правилник.

Тоа што денеска го направивме е подготовка за нешто за кое се уште немаме видлив и сериозен ризик дека може да се случи кај нас, а тоа се голем број заболени од коронавирусот, но го подготвивме целокупниот здравствен систем во однос на кадарот, инфраструктурата, опремата, во однос на точно добивање места кои евентуално би било потребно да ги хоспитализираат пациентите.

Чекор или два сме напред и сме целосно спремни да се справиме со овој предизвик иако сме далеку од тој ризик. Се уште важат сите мерки кои се имплементираат на аеродромот во Скопје, ќе се дистрибуира информативен материјал во другите влезни места, во полициските станици, царината во Скопје, на останатите гранични премини, истакна Филипче.

Потенцира дека во текот на денот ќе организираат состанок и со МВР, Царината, Центарот за управување со кризи, за да ги информираат за активностите со цел и тие да бидат во состојба на зголемена будност доколку треба да се интервенира.

Одговарајќи на новинарско прашање министерот Филипче рече дека дополнителна термална камера евентуално би била поставена на аеродромот во Охрид.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО