Таткото на Вања низ солзи сведочеше, тврди дека не ги познава другите обвинети: Тие не чувствуваат ниту вина ниту покајание

Од:

Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На почетокотот Ѓорчевски, прашан од неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ, „дали денеска се чувствува подготвен и согласен да даде исказ пред судот“, рече дека „чувствува обврска, пред сѐ заради Вања“.

-Психички не сум сигурен колку сум подготвен, но чувствувам обврска и сакам да дадам исказ. На почетокот на судењето кажав дека ќе дадам од неколку главни причини, пред сѐ заради Вања, поради тоа што во текот на истрагата и тука во судницата, беа изнесени ноторни невистини во врска со нејзе ѝ сакам да ѝ порачам дека тато е истиот тој човек кој што последен пат го виде викендот пред 4 декември и оттогаш навака претставуван сум во екстремно спротивно светло од она што сум. Решив да ги поттиснам емоциите за да можам да го дадам овој исказ, да соберам сила, храброст и поради сите оние кои што ме познаваат и страдаат заедно со мене, но и поради сите оние кои што не ме познаваат, да ја кажам мојата страна на вистината, мојата приказна, дека немам апсолутно никаква инволвираност со овие луѓе од чии искази во текот на постапката приметивме дека не чувствуваат ниту вина, ниту покајание. Приметив дека демонстрираат гнев и разочарување од т.н. „Цар“, изјави Ѓорчевски.

Ѓорчевски, рече дека „за себе смета дека дал голем придонес во истрагата“ и дека „ако не беа фатени, ако не беа сопрени, не приметив дека кај нив има вина и покајание и дека ќе престанеле со планираните дејствија“.

-Одново и одново, со секое рочиште слушам што му правеле на моето дете. Кој имал задача да ја грабне и да ја врзува, ја трескале по гепеци, ја ставале во вреќи, психички ѝ вршеле тортури, се обидувале да ги замачкаат доказите како и за првото убиство на велешанецот Панче и да успееле во тоа Господ знае уште колку убиства и киднапирања ќе спровеле.

За себе сметам дека дадов голем придонес во истрагата во која како соучесници беа контактите на Гоце Трајковски од полиција и од Сејф Сити. Ќе повторам, ако не беа фатени, ако не беа сопрени, не приметив дека кај нив има вина и покајание и дека ќе престанеле со планираните дејствија, изјави Ѓорчевски.

Прашан дали ги познава лицата на обвинетите, од порано, Ѓорчевски рече дека „ниту го познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, претежно мижам, затворени ми се очите, ниту тука можам да ги гледам“.

-Во текот на вечерните часови добив повик од помошник началник на СВР Скопје дека ќе треба да се вклучиме и ние, бидејќи има изјави од родителите дека девојчето може да е киднапирано.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Би можело да ве интересира

Кешишев бил домар во „Десна“, правел се што му кажувал Палчо, за убиствата не кажал оти го „опоменале“

Катерина Ѓуровски

Таткото на убиената Вања, Александар, треба сведочи денеска

Катерина Ѓуровски

Кешишев до Палчо: Кажав сè бидејќи имам грижа на совест поради тоа што го видов

А1он

Кешишев дознал за таткото на Вања во притвор, Палевски најави над 90 прашања

Катерина Ѓуровски

Палевски ќе го испрашува Кешишев за кого бил „царот“

Катерина Ѓуровски

Кешишев: Не ми беше јасно што се случи и како, не бев свесен за целата состојба