(ВИДЕО) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен кој е во бегство

Од:

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не можам да кажам дека не сум задоволен. Од ова видовме дека колку толку правдата може да биде задоволена. Се надевам дека друг повисок суд нема да ја преиначи казната, рече таткото на Никола Саздовски, Тони Саздовски.

– На родителите би им порачал да го кажат и третиот осомничен кој е во бегство, сигурен сум дека знаат. Да не останат нивните деца сами во затворот. За Никола повеќе нема враќање, сите што го знаеа, знаат дека не беше насилник сакаше да другарува со сит, рече Саздовски.

Тој исто така кажа дека материјалната штета доколку биде исплатена ќе биде донирана во хуманитарни цели.

– Другарите на Никола организираат турнир во мал фудбал се надеваме дека ќе биде традиционален. Парите ќе одат во оваа насока и за останати хуманитарни акции. Треба да остане сеќавање за вакви работи повеќе да не се случуваат, рече Саздовски.

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири кои на 29 јуни безмилосно го претепаа 20-годишниот Никола Саздовски на автобуската станица во Автокоманда.

Саздовски во бессознание бил пренесен во ургентниот центар во Клиничкиот центар Мајка Тереза. Истиот ден бил пренесен на КАРИЛ каде престојувал повеќе од 10 дена. На 3 јули 2018 година била констатирана мозочна смрт. Како резултат на здобиените повреди, Саздовски починал на 9 јули 2018.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето на трето обвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски одложено за 2 април

Ана Ололовска

Продолжува судењето на третообвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски

Ана Ололовска

ОЈО за уште едно лице поднесе обвинителен акт за убиството на Саздо

Ана Ололовска

Случај „Саздовски” одбраната бара преквалификација на обвинението, обвинителство да се потврдат казните

Ана Ололовска

Јавна седница во Скопска апелација за случајот „Саздовски”

Ана Ололовска

Екстрадиран третиот обвинет за убиството на Саздо

Кристијан Ландов