Таткото на невестата ќе тужи поради масовното труење на неговите гости во Грдовци

Од:

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Штип се уште работат на анализите по вчерашното пријавено масовно труење на осуммина свадбари.

Таткото на невестата Влатко Атанасов вели дека првиот случај на труење од неговата свадба е кај 20-годишно момче, кое во понеделникот во тешка здравствена состојба е донесено на инфективното одделение во Клиничка болница Штип, а од вторникот до вчера во иста здравствена состојба се и останатите гости, кои се хоспитализирани во болницата, исто така и гостинка на нивната свадба од Италија, која веднаш си заминала, завршила во болница во Италија.

Атанасов вели дека свадбата ја правел во неделата во кочанското село Грдовци, свадбеното мени му е обезбедено преку кетеринг, односно од истата кочанска фирма, која ги диструбирала пирошките и на останатите свадби во Штип и во Кочани.

Случајот е пријавен, а инспекциите веќе ги имаат и направено контролите кај добавувачот, каде се пронајдени залихи од пирошки, а за што епидемилозите посочија дека се причината за бактеријата салмонела.

Таткото на невестата најави дека ќе поднесе и приватна тужба против лицето, кое е сопственик на кетеринг службата. Вкупниот број на затруени лица од пет одделни свадби во Штип и Кочани официјално изнесува 29 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот