Таткото на Фросина: Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата

Од:

На протест во Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на ул. „Партизанска“ во Скопје, попладнево беше побарана одговорност за трагедијата и упатени пораки да се спречат идни, исто така и побезбедни улици, поголема свесност од сите. Неказнивоста е правен неуспех!, да не се повтори!, беше порачано на протестот.

– Ова не е само трагедија за изгубен млад живот и огромна загуба на семејството. Ова е предупредување за нас дека не сме безбедни. Оние кои треба да не штитат, се на страната на виновниците. Ни даваат порака дека нашиот живот не вреди во моменти кога треба да се заштити некој финансиски и позициски помоќен од нас, рече Софија Шутова, дел од организаторите на протестот.

Вера Најдовска, другарка на Фросина, посочи дека нема зборови кои можат да ја изразат болката од трагедијата.

– Ти беше не само моден дизајнер, ти беше личност која успеваше да ги спои сите бои и да ги претвори во нешто што ќе остане во срцата на сите кои те познаваа. Ти не си само жртва на нечии неопростливи одлуки. Не си само репетитативна жртва на системот во државата, најмногу од се, Фроси, ти си херојка во сите нас. Ти остави длабок печат, а за нас твојата слика ќе остане врежана во сеќавањата, девојка со бескрајна позитивна енергија, која го претвораше светот во место полно со бои и радост. „Шо напраив бе” беше се што монструмот можеше да каже. Епа ти, остави фамилија без своето чедо, момче без својата долгогодишна љубов и сите нас без најискрениот и најсветлиот другар, истакна Најдова.

На протестот зборуваше и Каролина Маркова, наведувајќи дека Фросина беше светлина во животите на сите што ја познаваа.

– Со нејзината добрина, насмевка и топлина оставаше трага каде и да зачекореше.

– Имаше планови, соништа, љубов кон животот, кои, за жал, никогаш нема да бидат остварени. Сѐ што остана се болката и празнината што ја чувствуваме. Но, најмногу од сѐ чувствуваме гнев и неправда. Еден момент на несовесност, еден миг на невнимание, одзеде живот кој требаше да биде исполнет со уште многу радости и успеси. Загубивме ќерка, сестра, пријателка, сограѓанка – загубивме човек кој со своето постоење го разубавуваше светот околу себе. Не смееме да дозволиме вакви трагедии да станат само бројки, само вести што брзо се забораваат, рече Маркова, порачувајќи дека мора да се бара одговорност, побезбедни улици и поголема свест и совесност кај сите.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, порача вакво нешто да не се случи никому.

– Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата. Честитам за сенсот граѓански, не знам што планирате, дали ќе продолжувате. Мој совет ви е, доколку сакате да продолжите и доколку сакате вистински да стигнете до она што вие сте го зацртале, тогаш под број еден, никако немојте да дозволите да ставите која било политичка позадина. Движете се чисто како граѓански сектор и вашите ставови да не се исто така препознатливи дека се од некоја, една или друга политичка група. Ако така настапите, тогаш стварно ќе бидете едно здружение на граѓани за пример. А јас, од тој аспект гледано, од срце најискрено ви посакувам голем успех, рече Кулаков.

Славе од Радовиш, татко на Викторија Николова, која пред три години загина исто така на ул.,,Партизанска” во Скопје, даде поддршка на фамилијата Кулакови кои дојдоа на плоштадот по погребот, меѓу луѓето што дојдоа да и оддадат почит на Фросина.

Мерка притвор во траење од 30 дена му е одредена на 20-годишниот Васил Јованов кој во средата вечерта на булеварот „Партизански одреди“ удри со автомобил во 22-годишната Фросина Кулакова, која почина на самото место.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Во состојба на џунгла, немојте да се чудите, кога некој родител на кој некоја дрогирана битанга му прегазила дете на пешачки, ќе ја земе правдата во свои раце

Предраг Петровиќ

Кривичен ја објави пресудата за претходното кривично дело на осомничениот кој ја прегази Фросина

Предраг Петровиќ

Околу 12 милиони долари би се изгубиле во земјава по одлуката на Трамп за замрзнување на програмите за помош во странство

Протест во Скопје: Граѓаните побараа правда за Фросина и другите жртви од сообраќајни незгоди

Горан Наумовски

Марков: Судијката која го ослободила возачот го водеше „Талир 2“ за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Го поддржувам протестот за Фросина, aпсолутно е оправдан револтот на граѓаните

Горан Наумовски