Таткото на детето кое беше прегазено на Пластичарска најави жалба: Очекував 10 години затвор

Од:

Таткото на Мануела Сановски, детето кое беше усмртено во сообраќајката на Пластичарска ќе има жалба за пресудата со која Шукри Зеќири, лицето кое ја прегази и избега од местото доби две години и три месеци затвор.

„Очекував пресуда на 10 години. Кога ќе изгубиш дете, се знае како се чувствуваш. Не посакувам на никого ова да му се случува. Ако имаме држава, треба да се суди правилно“, кажа Себастијан Сановски, татко на детето.

Во пресудата, судијката Марија Клетничка наведе дека 21. годишниот Зеќири претходно не бил осудуван за кривично дело, а по двете кривични дела кои му се ставаа на товар, доби единствена затворска казна во која ќе му се пресмета и времето поминато во притвор.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Три погубувања за еден ден во САД, првпат по речиси 16 години

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена