Две години и три месеци затвор за возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“

Од:

Казна затвор од две години и три месеци пресуди судијката Марија Клетничка за 21. годишниот Шукри Зеќири од Скопје, кој на 12 октомври годинава, на булеварот „Никола Карев“, на делот познат како „Пластичарска“ во Скопје удри десетгодишно дете кое почина на лице место, а тој веднаш избега.

„Согласно законот, предвидена е казна затвор од 1 до 5 години, па судот одредува казна од 2 години. Сторил уште едно дело, „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, за кое дело е предвидена парична казна или казна затвор до 1 година, па судот му одредува казна затвор од 6 месеци. Судот обвинетиот Шукри Зеќири го осудува на единствена казна затвор од 2 и 3 месеци. Во казната му се засметува и времето поминато во притвор“, кажа судијката Клетничка.

Тој возел со 76 километри на час, односно 26 километри на час повеќе отколку што е дозволено. Освен затворската казна, Зеќири доби и забрана за управување со моторно возило во период од три години, а времето поминато во затвор не се смета во казната. Мерката куќен притвор ќе му продолжи до правосилност на пресудата.

Зеќири претходно го призна делото, а кажа дека избегал од страв да не биде тепан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Судир меѓу граѓани и Националната гарда во Киев: Демонстранти сакаа да влезат наводен таен воен затвор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он