Татко сексуално ја злоупотребувал сопствената ќерка

Од:

Татко извршил обљуба над својата 14-годишна ќерка во Дебар. Против него е поднесена кривична пријава и одредена му е мерка притвор до 48 часа, по што тој е спроведен во Казнено – поправниот дом во Скопје.

Четириесет и осумгодишниот жител на Дебар ја извршил насилно обљубата на 6-ти овој месец во сопствениот дом, а од разговорот со неговата ќерка е утврдено дека вакви дејствија се случувале повеќепати претходно и започнале пред три и пол месеци.

По наредба на јавен обвинител од Гостивар извршен е здравствен преглед на девојчето.

Пријавениот е познат сторител на казнени дела и против него во претходниот период се поднесени кривични пријави за „насилство“, „предизвикување општа опасност“, „измама“ и „фалсификување на исправи“.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип