Татко пукал со пиштол во синот и внуката

Од:

Жител од струшкото село Џепин им нанел прострелни рани од пиштол на својот син и на неговата внука.

Расправија се случила денеска околу пладне во семејната куќа на таткото Е.К. Во еден момент, појаснуваат од СВР Охрид, тој извадил пиштол и пукал во синот Б.К., како и во внуката М.К, инаку ќерка на неговиот син.

Повредените се пренесени во Општата болница во Струга, а напаѓачот е приведен во полициската станица во Струга. Немилиот настан го потврди и портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски кој најави дека по расветлувањето на случајот, против Е.К. ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата