Татко пријавил дека ќерката го вознемирувала, по интервенцијата семејството ги нападнало полицајците

Од:

Синоќа во Битола, тројца полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, преземале службени дејствија по пријава од лицето Т.Т. (59) дека неговата ќерка М.Т.(33) го вознемирувала.

Полициските службеници заедно со екипа на Итна медицинска помош се упатиле на местото на настанот и ја затекнале М.Т. во физичка пресметка со Т.Т. и нејзиниот брат Р.Т.. Полициските службеници побарале од М.Т. да престане со насилното однесување и да биде прегледана од лекар на Итна медицинска помош, но таа ги нападнала полициските службеници, а при обид да ја внесат во возило на Итна медицинска помош, биле физички нападнати од Т.Т. и нејзиниот брат Р.Т., додека мајката С.Т. ги попречувала во преземањето службени дејствија.

Во еден момент Т.Т. турнал еден полициски службеник по скалите. По преземени мерки, Т.Т., Р.Т. и С.Т. биле лишени од слобода, додека М.Т. е пренесена во Клиничка болница Битола. По укажана лекарска помош на полициските службеници констатирани им се телесни повреди Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски