Татко избодел со нож син во кочанско Теранци

Од:

Седумдесет и петгодишен жител на кочанското село Теранци по расправија и физичка пресметка синоќа го избодел со нож својот син.

Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа околу 23:20 часот во кочанското село Теранци, дошло до распаравија и физичка пресметка помеѓу Д.С.(75) и неговиот син Д.С. (38).

Во пресметката, таткото со нож му нанел две убодни рани на синот. Потоа, Д.С. (38) бил пренесен во Медицински центар Кочани каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Д.С. (75) бил приведен во Полициската станица Кочани. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата