Татко и син во Прилеп загинаа во пожар во семејната куќа

Од:

Двајца прилепчани, татко и син синоќа загинаа во пожар што избувнал во нивниот семеен дом на улицата „Цане Илиоски број 87а“ во Прилеп.

Пожарот во надлежните служби бил синоќа пријавен околу 21,45 часот.

– Околу 22 часот синоќа добивме пријава за пожар за запалена куќа на улицата „Цане Илиески“ број 87а“. За гаснење на пожарот интервениравме со три возила и девет пожарникари. Опожарени беа дел од катот на куќата – дневна просторија и кујна. Затекнато е едно изгорено лице, а другото лице, задушено од чадот извлечено е надвор од куќата и предадено на службата за Итна помош каде е констатирана смрт. Двете лица се на возраст од 60-тина и 80-тина години. Лицата пред да стигнеме веќе биле починати, вели Кристијан Момироски, командир на противпожарната единица од Прилеп.

Едниот прилепчанец бил затекнат во дневната просторија и целосно изгорен, а другиот во претсобјето и се задушил.

Пожарот е изгаснат и е спречено да се прошири на другиот кат и на соседните куќи.

Увид на местото на пожарот направија полицијата и основен јавен обвинител. Се врши истрага за да се откријат причините за пожарот и трагедијата. На лице место беше и екипата на службата за Итна помош која ја констатирала смртта на двајцата прилепчани

-Синоќа околу 21,45 часот добивме повик во Итната помош од полицијата која беше на терен дека има опожарена куќа. нашата екипа на лице место дозна дека во куќата има две лица кои не се извлечени. На пожарникарите им требаше околу 20 минути да стигнат до телата. Едното тело беше целосно опожарено, а другото делумно. Првично од ситуацијата која ја видовме, сигурно дека двете лица се имаат задушено од чадот. Еден од луѓето што живее таму ни кажа дека биле подвижни, но останале во куќата да го гаснат пожарот. Во куќата живееле тројца, од кои едниот излегол да побара помош. Викал по нив да излезат, ама тие останале во куќата да го гаснат пожарот. Ние ја утврдивме смртта, а потоа надлежност презеде основниот јавен обвинител, ни изјави Даниел Аврамоски началник на службата за Итна помош- Прилеп

Сосетка потврди дека во куќата живееле тројца, татко со двајца синови. Обдукцијата телата на загинатите ќе ги утврди причините за смртта, а надлежни инспектори ќе ја вршат истрагата за причината за пожарот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огнот го уништува грчкото одморалиште, наредена евакуација

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително

Во Кочани изгореа една куќа и 15 хектари зимзелена и нискостеблеста шума

Голем пожар во атарот на селото Ваксинце, во близина на складот за гориво Мак-Петрол

Горан Наумовски

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он

Пожарот кај валандовско Грчиште е активен, повредени се двајца вработени во „Македонски шуми“