Татко и син пронајдени застрелани во атарот на село Слупчане

Од:

Татко и син се пронајдени мртви застрелани со огнено оружје во атарот на село Слупчане, синоќа во 22 и 40 часот соопшти МВР.

Полициски службеници од Полициското одделение Матејче во атар селото Слупчане, на месноста Слупчански бунар, пронашле патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки во кое билe две лица без знаци на живот.

Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото и било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во Е.С.(47) и неговиот осумгодишен син, двајцата од село Опае. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип