Татко и син повредени во тепачка во Охрид

Од:

Татко и син се повредени откако биле физички нападнати од страна на три лица на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Двајцата се пренесени и задржани на лекување во Медицинскиот центар во Охрид. Кај 18-годишното момче У.И. констатирано е дека има внатрешно крварање на мозокот, а 44-годишниот У.И. се здобил со телесни повреди.

Полицијата денеска соопшти дека синоќа во 22:50 часот во полициската станица било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на булеварот „Туристичка“ по што полициски службеници излегле на местото на настанот каде ги затекнале таткото и синот. Од извршниот разговор со нив е утврдено дека 18-годишното момче, движејќи се со возило, било сопрено од страна на три непознати лица кои почнале да викаат на висок тон и да удираат по возилото, при што го оштетиле предниот браник и го скршиле задното десно стоп светло.

По ова, момчето телефонски му се јавило на таткото, а за кратко време кога поминало покрај кафе бар, го забележал неговиот татко паднат на земја како истите лица го удираат со дрвена летва и железна шипка. Кога момчето тргнало да му помогне на таткото, физички било нападнато, по што трите лица побегнале од местото на настанот.

Од страна на СВР Охрид извршен е увид на местото на настанот и подигнати се предмети за натамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он