А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Татко и син од Кавадарци одгледувале канабис во викендичка, добија триесет дена притвор

by А1он29/09/2020 - 21:2530/09/2020 - 07:591897
Share0

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, поради основано сомнение дека како соизвршители ги сториле кривичните дела –Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Во координирана акција и извршен претрес, на 28 септември 2020 година, во планински предел кај место викано Јаворица во близина на викенд-куќа во сопственост на осомничените, пронајдени се 65 стебла од растението Канабис сатива, со чија обработка се добива наркотичната дрога марихуана. Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите. При претресот, пронајдено е и оружје кое осомничените неовластено го држеле и тоа 8 патрони – 12 мм за ловечка пушка, 38 куршуми калибар 7,9 мм и затворач за пушка М-48, како и ловечка пушка марка Црвена Застава Крагуевка со калибар 12мм,“ велат од Обвинителството.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради постоење на опасност од бегство на осомничените и опасност тие да ги повторат кривичните дела, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Кавадарци го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничените им е определен притвор во траење од по 30 дена, се додава во соопштението.

droga

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он09/06/2026 - 20:5009/06/2026 - 20:38

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он06/06/2026 - 21:25

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он28/05/2026 - 18:42

Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

А1он29/04/2026 - 19:12

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

Горан Наумовски29/04/2026 - 10:51

Полицијата во Нови Сад пронајде шест килограми кокаин во автомобил, уапсен е возачот

Горан Наумовски14/04/2026 - 16:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто