Татко и малолетен син пукале во скопјанец на автоплац

Од:

Триесет и осумгодишен скопјанец е ранет со пиштол вчера околу 11 часот во автоплац на ул. „Момин Поток“ во Скопје.

Како што е наведено во денешниот полициски билтен Т.С. (58) и неговиот 16-годишен син од скопското село Арачиново со пиштоли испукале неколку куршуми кон В.С. (38) од Скопје. После тоа, двајцата со патничко возило избегале во непознат правец.

В.С. се здобил со прострелна рана и бил префрлен во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски