Татко и ќерка од Косово граделе осум дивоградби во Маврово

Од:

Татко и ќерка, државјани на Косово почнале да градат осум бунгалови – дивоградби во селата Леуново, Маврово и Ростуше ,информираат од Јавното обвинителство.

„Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две физички и едно правно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик.

Обвинетите, татко и ќерка, државјани на Република Косово, како и правното лице во кое управител била ќерката, во периодот од 10.07.2021 до 20.09.2021 година, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнале да градат осум бунгалови во селото Леуново, општина Маврово и Ростуше. Објектите – цврста градба, на околу 200-300 метри од езерото, биле евидентирани при извршена контрола од градежен инспектор, при што инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности. И покрај ова, тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

ВИДЕО: Попуштија и се урнаа потпорен ѕид и улица во Србија, изградени без дозвола

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец e во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја

Горан Наумовски