Татко и ќерка банкари си земале кредит на туѓо име

Од:

Таткото Ф.К.(55) од с.Голема Речица, поранешен менаџер на „УНИ Банка“ во Тетово заедно со својата ќерка Ш.К.(29), поранешен раководител во истата банка се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување и измама затоа што си зеле кредит од 4.000 евра на туѓо име.

Во текот на 2008 година, пријавените како одговорни лица во банката обезбедиле фотокопија од личните карти на две лица од Тетово, клиенти во банката.

Потоа направиле договор според кој едниот како кредитобарател, а друготот како жирант наводно добил кредит без негово знаење од 260.000 денари.

Парите си ги зеле а на договорот не напишале дата на подигањето на парите, ниту пак го завериле како одговорни лица на банката со нивни потпис. Полицијата им поденсе кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

Убиено девојче, пукање во трговски, криминал, корупција – што ги полнеше полициските билтени во 2023

Анита Петровска Рајковиќ

Фатени 5000 криминалци, запленета дрога од 400 милиони евра – дилерите на мета на МВР

Во Шведска 30.000 луѓе се вклучени во криминал

Поради кризата и падот на стандардот, зголемен е криминалот во селата во Британија

Црна Гора е прва во Европа по трговија со дрога, по организиран криминал e четврта – по Русија, Србија и Украина

А1он