Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски одговарајќи на новинарски прашања по денешната Меѓународна конференција за правата на лицата со попреченост, истакна дека ги отфрла шпекулациите оти невработено лице одговара на прашања на граѓани и дека на Управната инспекција која вчера била во нејзиниот кабинет и дала документи кои, како што рече, одат во прилог на нејзиното тврдење.
– Одговорно лице за управување со веб страницата е Наташа Медотиева. Ги отфрлам шпекулациите дека невработено лице одговара на прашања на граѓани, што не е одговор на прашање во управна постапка, ако мислите на одговор на жалби и поплаки на граѓаните. Таа е вработена во МТСП и со соодветно правно решение е овластена да управува со официјалната елетронска адреса на Министерството, рече Ташевска Ременски.
Додаде дека по анонимна претставка од загрижени граѓани дека можеби невработено лице е во допир со нивните лични податоци или одлучува во управна постапка вчера во нејзиниот кабинет надзор извршила управна инспекција која, како што рече, ги добила сите документи кои одат во прилог на отфлање на сите обвиненија кои дошле до медиумите.
Министерката за труд и социјална политика појасни дека со Законот за Влада донесен на 9 ноември, согласно кој и таа е избрана на фунцијата, се дава право на ангажирање лица во кабинетот и на министрите и на дополнителните заменици министри.
– Во таа насока право и на министерот Ременски и на дополнителниот заменик министер Диме Спасов е да ангажираат тројца кабинетски советници од редот на вработените во МТСП и да примат во соодветна постапка тројца кабинетски советници на министерот кои ќе помагаат на министерот во одредени области со својата стручност и докажаност во нивната работа. Мила Царовска е еден од нив. Ангажманот на дополнителните двајца е во тек, истакна Ташевска Ременски.
Мила Царовска како советник во кабинетот на министерот, додаде министерката, има право да советува за прашања од областа на социјалната заштита.
– Почитувани се сите права и обврски кои се однесуваат во делот на поднесување на изјава за доверливост во делот на заштита на личните податоци на граѓаните и таква изјава за лојалност оидносно за доверливост имаат потпишано сите овластени лица кои работат со предмети и прашања со граѓаните, а тоа не е Мила Царовска, рече министерката.
Појасни дека ангажманот на Царовска, како и на сите останати ангажирани административни службеници во кабинетот, кабинетски своветници не само во ова ова, туку и во другите министерства каде има нови министри и дополнителни заменици министри, е во фаза на склучување на договор во министерствата во кои се ангажирани во соодветна процедура преку законски утврдени постапки и одобрување од Министерството за финансии.
– Тие процедури се во тек и прашање на време е кога генерално ќе се реши прашањето на кабинетките службеници. Официјално се уште не не е вработена, истакна министерката за труд и социјална политика.
Таа писмото што го напишал дополнителниот заменик министер Диме Спасов до раководните лица во кое барал да не го почитуваат барањето на министерката сите одговори од оваа синституција до граѓаните пред да бидат испратени до нив да бидат проверени од Царовска не го смета за притисок во работата или опструкција.
– Мојот прв контакт со вработените во МТСП, генералниот колегиум со раководителите на сектор и на одделенија, од средбите со заменици и државен секретар ми покажуваат дека во МТСП постојат луѓе професионалци кои ја познаваат својата работа и се исполнителни во делот на извршувањето на нивните обврски, рече министерката Ташевска Ременски.