Тарчуловски: Сеуште е рано за политички ангажман

Од:

Јохан Тарчуловски повика на обединување на брабнителите во едно здружение бидејќи имале исти интереси. Тарчуловски нагласи дека поканата за обединување е за здруженијата на бранители да не навлегуваат, како што рече,„во некои други води“.

– Поканата, и мојата лична желба е, за обединување на сите организации на бранители во едно здружение што ќе ги штити правата на семејствата на бранителите. Упатувам замолница до сите оние што тоа не го посакуваат и се трудат бранителите да ги одведат во други води тоа да не го прават бидејќи е на нивна штета. Ќе се трудам сите да ги соберам заедно, на една маса и со една цел, а тоа е Македонија, истакна Тарчуловски.

Прашан дали упатил покана за обединување и до здружението „Достоинство“ и дали во блиска иднина планира политички ангажман, Тарчуловски потврди дека имал кратка средба со претставници на здружението.

– Верувам дека ќе ја прифатат мојата покана за разговор и оти во најскоро време ќе седнеме заедно и ќе разговараме, рече Тарчуловски, додавајќи оти се уште е рано да се каже за политички ангажман.

– Мене ми е најважно семејството, а за понатаму како Господ ќе каже, одговори Јохан Тарчуловски.

Од Достоинство велат дека тие се политика партија, а средба сосема случајна Тарчуловски имал со лидерот Стојанче Ангелов во Зоолошката градина додека ги шетале децата.

Би можело да ве интересира

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски

Банкината им е споменик на загинатите крај Карпалак и по 22 години: Петровска ќе бара дозвола од Желино да постави спомениик

Орце Костов

Лустери од ВМРО-ДПМНЕ завршија во македонските цркви и манастири

Ана Ололовска

Тарчуловски до Мицкоски по апсењата за 27 април: Не е фер да се враќаме во Собрание додека не ги пуштат луѓето од притвор

Наум Локоски

Тарчуловски најави десетина инфраструктурни проекти за Пржино и Црниче

Наум Локоски