Тарчуловски сака да го „лапне“ бизнисот со САСА?

Од:

Кој ќе го „лапне“ бизнисот со транспорт на рудата од рудникот САСА?. Според извори на „Либертас“, концентратот од рудникот САСА во Македонска Каменица  се носи во топилница во Бугарија, а транспортот со години го правела фирмата од Пробиштип, Мима транс, која е на тамошен бизнисмен наводно братучед на Соња Тарчуловска, а во неа свој удел имал Јохан Тарчуловски.

По враќањето од Хашкиот затвор според извори на „Либертас“ од Пробиштип наводно Јохан утврдил дека партнерот го поткраднувал и не му ја давал точната сума пари која му следувала и настанала кавга и прекинување на заедничкиот бизнис.

Но според истиот извор во овој бизнис се испреплетени челни вмровци од овој крај, а Јохан сега наводно инсистирал тој а не неговиот доскорешен партнер да го прави целиот транспорт, а Мима транс да биде исфрлена од игра.

„Работата дошла и до градоначалникот на Пробиштип кој наводно преку Мима транс и тој бил инволвиран во овој бизнис но според нашите извори Јохан неодамна наводно му рекол дека му е доста што добивал неколку години и дека сега тој со 5 камиони ќе ги транспортира 3 300 тони коцентрат од САСА до Бугарија.Градоначалникот се пожалил во партиската централа во Скопје тврди нашиот извор но никој не се нафаќал да се замери со Јохан.

Сега вели нашиот извор градоначалникот бара прием кај премиерот Груевски за да му кажел за “самоволието“ на Тарчуловски и ќе барал Груевски да ја расчисти кавгата. Нашите извори велат дека транспортот на концентратот е одличен и сигурен бизнис и дека заработката не е воопшто мала“, објави „Либертас“.

Би можело да ве интересира

Лустери од ВМРО-ДПМНЕ завршија во македонските цркви и манастири

Ана Ололовска

Тарчуловски до Мицкоски по апсењата за 27 април: Не е фер да се враќаме во Собрание додека не ги пуштат луѓето од притвор

Наум Локоски

Тарчуловски најави десетина инфраструктурни проекти за Пржино и Црниче

Наум Локоски

Тарчуловски на Путин му го честиташе бебето?!

Ана Ололовска

ФОТО: Средба на Тарчуловски и Ангелов

Ана Ололовска

Тарчуловски: Сеуште е рано за политички ангажман

Ана Ололовска