Јохан Тарчуловски на својот фејсбук му го честита “раѓањето на новороденото дете на Путин“. На својот фејсбук тој напиша „На гос. Путин од срце му го честитаме новороденото бебе. Нека е живо и здраво.
Вакавата вест е проследена со фотографија која датира од ноември, 2011 година, при посетата на Путин на клиниката во Калининград и беше дел од неговата марктинг кампања пред претседателските избори во март. Тој го прогласи ова бебе за 7 милијардитиот жител на планетата.
Кремљ веќе ги отфрли гласините дека Путин добил бебе, а таква вест официјално не е објавена ниту во еден светски медиум. Сепак тоа не пречеше многумина кај нас да се приклучат кон честитките за бебето кое всушност официјално и не постои.